Генералниот секретар на ОН ги повика државите да го отфрлат јагленот и да изберат чиста енергија

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги повика државите да престанат со финансирање на јагленот и да се свртат кон чиста енергија и да се заложат да не градат нови електрани на јаглен.

Фото: ЕПА

Гутереш зборуваше на виртуелниот самит за транзиција кон чиста енергија на која присуствувале претставници на 40 земји кои претставуваат 80 проценти од потрошувачката на енергија и емисии на стакленички гасови.

Тие разговарале за чекорите за зајакнување на економиите, намалување на емисиите на стакленички гасови и како да се прилагодат енергетските системи на климатските промени.

Додека државите се обидуваат да ги оживеат економиите забавени од пандемијата ковид-19, некои влади и инвеститорите повикуваат пакетите за обновување делумно да се фокусираат на зелени стимулации.

Европската унија и Јужна Кореја веќе ветија програми за обнова засновани на грижа за животната средина.

Но, Гутереш предупреди дека некои економски пакети ги поттикнуваат компаниите кои се базираат на фосилни горива, а некои само што сакаат да започнат со термоелектрани на јаглен.

„Јагленот нема место во плановите за обнова од ковид-19“, рече Гутереш во обраќањето на самитот преку видео-врска, организиран од Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

На речиси секој пазар, подобро е да се инвестира во обновлива енергија, а клучни се зелените работни места и одржливиот развој, рече тој.

Трошоците за обновлива енергија како што се ветроелектрана и сончева енергија опаднаа во последната деценија, рече тој.

Втората најголема економија во светот, Кина, инаку најголемиот производител на јаглен, објави дека е подготвена за развој заснован на чиста и ниско-јаглеродна енергија.

Иако употребата на јаглен насекаде oпаѓа, вклучително и во Европа и САД, а многу инвеститори се повлекоа од овој сектор, употребата на јаглен расте во земјите во развој кои истакнуваат дека јагленот им е потребен за економски раст.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе