Генералниот секретар на НАТО ја повика Русија да ја повлече целата своја војска од источна Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја повика Русија да ги повлече сите свои трупи од источна Украина, еден ден откако украинските војници и проруските бунтовници се повлекоа од клучен сектор на линијата на фронтот.

„НАТО јасно стави до знаење дека Русија е особено одговорна за спроведување на мировните договори од Минск и дека мора да ги повлече сите свои војници, сите свои офицери од истокот на Украина и дека мора да престане да ја дестабилизира територијата“, рече Столтенберг за време на посетата на Одеса.

Киев и Западот ја обвинуваат Русија за вооружување на проруските сепаратисти и за распоредување трупи во источна Украина, каде што се убиени околу 13.000 лица од почетокот на конфликтот пред пет години.

Москва остро негира каква било вмешаност, и покрај наводите на бројни медиуми.

На повик на новиот украински претседател Володимир Зеленски, кој сака да го врати мирот, Киев и сепаратистите во вторникот започнаа да се повлекуваат од градот Золот во источниот украински регион Луханск.

Повлекувањето е предуслов за мировен самит со Москва, но во Украина предизвика стравувања дека Киев капитулира пред Москва.

Вицепремиерот на Украина, Дмитро Кулеб истакна дека амбициозната цел на неговата земја е за пет години да ги исполни критериумите за влез во НАТО, што ја лути соседна Русија.

„Вратата на НАТО останува отворена“, повтори Столтенберг на средбата со украинските студенти.

„Понекогаш се чини дека Русија е таа која одлучува дали Украина треба да стане членка на НАТО, но Русија нема тука што да каже. Немаат никаква законска основа да влијаат врз таа одлука, бидејќи ја донесуваат само Украина и членките на НАТО“, рече Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО е во дводневна посета на Украина, која е во криза со Русија уште од 2014 година, кога покрај кризата во источна Украина, го анектираше украинскиот полуостров Крим. Столтенберг во четврток во Киев треба да се сретне со претседателот на Украина и да се обрати пред украинските пратеници.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе