25 години избришани за 25 недели

Гејтс: Светот назадуваше четвртина век поради короната, крајот на пандемијата во 2022 година

Пандемијата на коронавирусот избриша 25 години напредок во борбата против сиромаштијата и болестите, според основачот на Мајкрософт Бил Гејтс.

Во годишниот Извештај за остварени цели 2020 објавен во понеделникот од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се вели дека за само половина година, пандемијата на коронавирусот збриша децении глобален развој во сè, од здравство до економија, пишува Политико.

Напредокот не само што запре, туку и назадуваше во области како што се запирање на сиромаштијата и подобрување на условите за жените и децата низ целиот свет, се вели во извештајот.

Екстремната сиромаштија е зголемена за седум проценти поради пандемијата.

Покриеноста со вакцините, што се гледа како добар индикатор за функционирањето на здравствените системи, падна на ниво што последен пат било забележано во 90-тите години на минатиот век.

Со други зборови, „за 25 недели светот се врати 25 години наназад“, се вели во извештајот. „Што ќе направи светот во следните месеци е многу важно“.

Глобалната акција да се запре пандемијата ќе спречи болести и смртни случаи предизвикани од ковид-19, но во прашање се повеќе работи: кризата го враќа напредокот постигнат во глобалната сиромаштија, пренесувањето на ХИВ, неисхранетоста, родовата еднаквост, образованието и многу други области. Дури и ако светот успее наскоро да го стави коронавирусот под контрола, со години може да се труди да го врати изгубениот напредок.

„Се наоѓаме во клучен момент, како да се справиме со ова и колку долгорочни ќе бидат ефектите“, рече за Политико Марк Сузман, извршен директор на Фондацијата Гејтс.

После 20 години континуиран напредок, скоро 37 милиони луѓе оваа година станаа екстремно сиромашни, живеат со помалку од 1,90 долари на ден, се вели во извештајот.

Гејтс за Би-би-си изјави дека очекува ефективната вакцина за Ковид-19 да биде готова до почетокот на 2021 година.

„Пандемијата предизвика големи проблеми со дистрибуцијата на храна и ги зголеми цените на храната“, додаде Гејтс.

Пандемијата на вирусот ковид-19 нема да заврши до 2022 година, проценува Гејтс во интервју за италијанска Стампа.

Тој додаде дека „има две до три перспективни вакцини“ против вирусот ковид-19.

„Дури со 60 проценти вакцинирани луѓе ќе го запреме експоненцијалното ширење на вирусот, следната година ќе го намалиме бројот на смртни случаи (од последиците на вирусот ковид-19), а во 2022 година ќе заврши пандемијата“, рече Гејтс.

Говорејќи за есента на северната хемисфера на планетата, Гејтс изрази песимизам и истакна дека стравува дека, без сериозна интервенција, бројот на жртвите во САД ќе се врати на пролетното ниво.

Гејтс го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп дека не соработува со Светската здравствена организација (СЗО).

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе