Гејтс гради нов нуклеарен реактор, се стравува дека може да привлече милитанти

Компанијата за напредни нуклеарни реактори на милијардерот Бил Гејтс ТераПауер и ПацифиКорп го избраа Вајоминг за започнување на првиот проект Натриум нуклеарен реактор, на местото на затворена фабрика за јаглен, изјави вчера гувернерот на државата.

Фото: ЕПА

ТераПауер, основана од Гејтс пред околу 15 години и електроенергетската компанија ПацифиКорп, сопственост на Беркшир Хатавеј Ворен Бафет, објавија дека точната локација на постројката за демонстрација Натриум реактор ќе се знае до крајот на годината.

Некои ваквите мали напредни реактори, кои работат на поинакви горива од традиционалните, ги сметаат за технологија што може да ги надомести повремените извори на енергија како што се ветерот и сонцето за намалување на емисиите што ги предизвикуваат климатските промени.

„Сметаме дека Натриум ќе биде пресвртница во енергетската индустрија“, рече Гејтс на прес-конференцијата во врска со проектот во Шајан, Вајоминг.

„Ова е нашиот најбрз и најјасен пат да станеме негативни на јаглерод“, рече гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон, чија држава е најголемиот производител на јаглен во земјата.

Проектот содржи брз 345 мегаватен реактор, чие ладење со растопен натриум може да ја зголеми моќноста до 500 мегавати за време на најголемата побарувачка на енергија. ТераПауер минатата година објави дека централата ќе чини околу 1 милијарда долари.

Кон крајот на минатата година, американското министерството за енергетика му додели на ТераПауер 80 милиони долари почетни средства за демонстрирање на технологијата на натриум и вети дека ќе обезбеди дополнителни средства за компанијата во наредните години.

„Потребен ни е ваков вид на чиста енергија на располагање во 2030-тите“, рече тој пред новинарите.

Експертите за нуклеарна енергија предупредуваат дека напредните реактори може да имаат поголеми ризици од конвенционалните. Горивото за многу напредни реактори ќе мора да се збогати со многу повисока стапка од конвенционалното гориво, што значи дека ланецот за снабдување со гориво може да биде привлечна цел за милитантите кои сакаат да создадат сурово нуклеарно оружје.

Крис Левеск, претседател и извршен директор на ТераПауер, рече дека изградбата на фабриката за демонстрација ќе трае околу седум години.

Левеск рече дека централите ќе ги намалат ризиците од пролиферација бидејќи го намалуваат вкупниот нуклеарен отпад.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе