Геј венчавките ја зајакнале американската економија за речиси 4 милијарди долари

Венчавките на исполовите двојки ги зајакнале локалната и државната економија за околу 3,8 милијарди американски долари откако во 2015 година Врховниот суд на САД го легализираше истополовиот брак, се наведува во ново истражување.

EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Речиси 300.000 геј и лезбијски двојки склучиле брак откако беше легализиран, се наведува во студијата на Вилијамс институтот на калифорнискиот Правен факултет.

Легализацијата на истополовите бракови „ги променила животите на истополовите партнери и нивните семејства“, вели лидерката на истражувањето Кристи Мелори и истакнува дека „таа е и голем придонес на економијата на државната и локалните власти“.

Околу 3,2 милијарди се потрошени на венчавки, а илјадниците гости кои патуваат на венчавките потрошиле 544 милиони долари.

Тие венчавки произвеле понатаму околу 244 милиони долари на име на државни и локални давачки.

Понатаму, истополовите венчавки носат плати за 45.000 работни места, се наведува во студијата.

Првата истополова брачна заедница ја легализираше американската сојузна држава Масачусетс во 2003 година, а нејзиниот пример го следеа неколку други држави.

До одлуката на Врховниот суд, која се смета за историска пресвртница, склучеи биле околу 242.000 истополови бракови, се наведува.

Тој број сега е повеќе од дуплиран и во САД денес има повеќе од половина милион геј и лезбијски двојки во законски брак.

САД се една од 28 држави членки на Обединетите нации кои го признаваат истополовиот брак како законски откако во вторникот им се придружи јужноамериканската држава Костарика.

Институтот Вилијамс во истражувањето користел бројки и проценки засновани врз податоците на Американскиот завод за статистика.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе