„На една сиромашна земја ѝ се дадени само 25 дози вакцини“

Гебрејесус: Катастрофален морален неуспех ако богатите земји ги приграбат вакцините на штета на сиромашните

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) предупреди денес дека светот ќе се соочи со „катастрофален морален неуспех“ ако богатите земји ги приграбат вакцините против ковид-19 на штета на сиромашните земји.

EPA-EFE

„Треба да бидам отворен. Светот е на раб на катастрофален морален неуспех, чија цена ќе биде платена со животите и средствата за живот во најсиромашните земји“, кажа генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус на отворањето на виртуелниот состанок на управниот одбор на организацијата во Женева.

Тој го осуди „егоистичкиот“ став на богатите земји и остро ги критикуваше произведувачите на вакцини кои бараат регулаторни одобрувања во богатите земји без да ги поднесат податоците на Светската здравствена организација и да добијат светло за употреба на нивните вакцини на светско ниво.

Оценувајќи дека е компромитиран рамноправниот пристап до вакцините против коронавирусот низ светот, тој кажа дека 39 милиони дози вакцини против коронавирусот во светот им се дадени на 49 богати земји.

Го истакна примерот дека на една сиромашна земја ѝ се дадени само 25 дози.

„Не 25 милиони, не 25 илјади, туку само 25“, кажа Гебрејесус не наведувајќи за која земја станува збор.

Тој го пофали научното достигнување на производство на вакцина за помалку од една година од избивањето на пандемијата во Кина. Истовремено укажа дека иако некои земји дале уверувања за рамноправен пристап до вакцините тие им даваат приоритет на своите договори со произведувачите, со што ги качуваат цените и се обидуваат да го скокнат редот.

Кажа дека 44 договори се потпишани во 2020 меѓу тие земји и произведувачите и најмалку 12 од почетокот на годината.

Според него ситуацијата и понатаму се влошува со тоа што произведувачите дале приоритет за одобрувањето на тие вакцини кај регулаторните тела во богатите земји каде ќарот е најголем, наместо да ги поднесат целосните податоци во СЗО.

„Таквиот егоистичен пристап не само што ги загрозува најсиромашните и најранливите во светот, туку е и осуден на неуспех“, предупреди тој.

„Таквото дејствување само ќе ја продолжи пандемијата и нашето мачење, како и рестрикциите потребни таа да се сузбие“, кажа Тедрос.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе