Газпром пресече: „Турски тек“ ќе поминува и низ Србија

Руската компанија „Газпром“ донесе одлука гасоводот „Турски тек“ да ја продолжи својата траса низ Бугарија, Србија, Унгарија и Словачка. Во тие земји се сите подготвителни процедури за таа работа, пишува рускиот весник „Комерсант“.

Како што се наведува, првите испораки на гас во Бугарија и Србија ќе почнат во 2020 година, до Унгарија рускиот гас ќе стигне само една година подоцна, што ќе ѝ овозможи на руската компанија до 2022 година целосно да ја запре испораката на „синиот енергенс“ преку Украина.

„Комерсант“ укажува дека тоа е, така да се каже, „Јужниот тек“ што Европската Унија го запре уште во 2014 година под притисок на САД.

Како што се оценува, овој пат ќе биде драстично покомплицирано да се влијае на тоа да се запре проектот, зашто „Газпром“ целосно ги почитува законите на Европската Унија.

Иако Грција исто така е во план да се приклучи кон тој гасовод, како што оценува „Комерсант“, уште не е најјасно како ќе изгледа тоа.

Се претпоставува дека Грција ќе се припои кон тој крак преку Бугарија или азербејџанскиот гас ќе се замени со руски гас откако ќе биде завршена изградбата на гасоводот „ТАП“, што исто така е планирано за 2020 година.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе