Газпром почна да ги полни магацините со гас за Европа

Рускиот производител на гас Газпром во вторникот објави дека почнал да ги полни складиштата со гас наменети за продажба на европскиот пазар, што би можело да ги смири стравувањата од недостиг на тој енергент во пресрет на зимата.

Фото: ЕПА

Компанијата објави дека одобрила план за полнење на пет подземни складишта со гас овој месец, се вели во соопштението за јавноста објавено во вторник, со напомена дека работата за полнење е веќе започната.

Цените на гас драстично пораснаа во последно време поради стравувањата од недостиг, а рускиот претседател Владимир Путин му нареди на Газпром во октомври да ги зголеми испораките за Австрија и Германија. Шефот на компанијата Алексеј Милер тогаш изјави дека тоа ќе биде можно од 8 ноември, потсетува ДПА.

Газпром беше под жестоки критики во Европа и многу официјални лица велат дека не се подготвил соодветно за европската побарувачка.

Москва ги негира обвинувањата и возврати дека Стариот континент не ги обновиле соодветно залихите по минатогодишната остра зима.

Некои тврдат дека Русија ги намалила испораките на гас за Европа за да го зголеми притисокот врз Германија да издаде сертификат за гасоводот Северен тек 2, што налути некои германски сојузници. САД, Украина и Полска велат дека Москва така го користи гасот како оружје во геополитичката борба за влијание.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе