Газета експрес: Харадинај по секоја цена го сака местото претседател, инаку Косово оди на избори

Лидерот на Алијансата за иднина на Косово и поранешен премиер Рамуш Харадинај се надева на договор за кандидатура за претседател, во спротивно Косово ќе оди на гласачките места, јавува Газета експрес.

EPA-EFE

Алијансата во август годинава ја најави кандидатурата на лидерот Рамуш Харадинај за претседател на Косово.

Меѓутоа, како што се наведува, средбата која ја имал со актуелниот претседател Хаши  Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово Кадри Весељи, на Харадинај не му дала голема сигурност дека би можел да стане претседател.

Поранешниот косовски премиер во интервју за приштинската телевизија Т7 кажа дека е во разговори со партнерите околу тоа прашање.

А ако не се најде решение тој да стане претседател, тогаш Косово, според неговата изјава, ќе излезе на гласање.

Харадинај истакна дека очекува да биде отфрлено обвинението против Тачи и Весељи од страна на Специјалниот суд за злосторствата на УЧК во Хаг.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе