ВЕДНАШ ПО КРАЈОТ НА ПРИМИРЈЕТО

Газа испука три ракети кон Израел, муслиманите низ целиот свет протестираат против нападите на Тел Авив (ВИДЕО)

Билансот на жртвите во Газа достигна над 900 откако Израел ја почна операцијата Раб на одбраната, на 8 јули. Меѓународната заедница врши притисок врз двете страни да постигнат прекин на огнот, додека светот се собира на протести против операцијата на Тел Авив.

Неколку минути по официјалното завршување на хуманитарното примирје, од Газа биле испукани три ракети кон Израел, откако тој се согласи да го продолжи примирјето до полноќ. Израелските оружени сили не возвратиле на ракетирањето.

Нема информации за повредени или за предизвикана материјална штета.

Не е јасно дали нападот е прекршување на прекинот на огнот, зашто продолжувањето допрва треба да биде официјално најавено, а можно е оние што ги испукале ракетите да не им припаѓаат ни на Хамас, ни на Исламски џихад, кои беа обврзани со договорот.

Илјадници демонстранти излегле денеска на улиците на Лондон во марш против израелските напади во појасот Газа, извикувајќи „Да живее Газа; да живее Палестина“.

Министрите за надворешни работи на Велика Британија, САД, Франција и Германија по состанокот во Париз повикаа на продолжување на 12-часовното примирје во Газа обидувајќи се да придонесат за долгорочен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Илјадници луѓе и во Германија, Шпанија, Италија и Иран излегоа на улиците за да протестираат против нападите на Израел врз Газа.

За време на првите два часа од хуманитарниот прекин на огнот меѓу Израелските оружени сили и Хамас од зградите уништени од израелските напади врз Газа биле извлечени најмалку 60 тела.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе