Во текот на минатиот месец, Украинците постигнаа голем напредок на бојното поле, на што Владимир Путин одговори дека ќе ја брани руската територија „со сите можни средства“. „Коментарите на Путин за употребата на нуклеарно оружје се многу неодговорни. Ниедна друга држава не зборува за употреба на нуклеарно оружје во и околу Украина, па затоа не го сметаме ова за нуклеарна криза“, рече претходно споменатиот функционер и додаде:
„Путин мора да знае дека употребата на нуклеарно оружје ќе го скрши табуто што се задржа од 1945 година и дека тоа ќе доведе до тешки последици за Русија, но и за сите останати“.
И додека американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан на крајот на септември рече дека руската детонација на нуклеарна бомба ќе има „катастрофални последици“, нема јавен консензус за тоа како западните земји ќе реагираат на тоа. Емануел Макрон рече дека Франција нема да возврати на истиот начин.
Службеникот кој зборуваше за медиумите не беше подготвен да одговори на тоа прашање, но се очекува дека првичниот одговор нема да вклучува нуклеарно оружје, за да се спречи брза ескалација на конфликтот.
Претходно оваа недела, Џереми Флеминг, шеф на британската Џи-си-ејџ-кју (GCHQ) шпионска служба, рече дека не гледа знаци дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје во Украина.
И експертите најмногу го делат ова мислење и сметаат дека Путин блефира со закани за нуклеарно оружје и дека планира да предизвика страв и несигурност на Западот, за да го спречи НАТО да се вклучи во војната на украинска страна.