Гардијан: Саудискиот принц го хакирал мобилниот телефон на најбогатиот човек на светот

Саудискиот престолонаследник принцот Мухамед бин Салман го „хакирал" мобилниот телефон на официјално најбогатиот човек на светот и сопственик на американскиот Амазон, Џеф Безос, пишува британски Гардијан.

Во експлозивното откритие, повикувајќи се на извори кои инсистирале на анонимност, Гардијан извести дека мобилниот телефон на Безос бил хакиран со помош на енкриптирана порака на Ватсап, која е испратена од личниот број на Бин Салман.

Се верува дека пораката содржела злонамерен софтвер (малвер) кој се инфилтрирал во мобилниот телефон на Безос, според резултатите на дигиталната форензичка анализа.

Според оваа експертска анализа, „многу е веројатно“ дека мобилниот телефон бил хакиран со помош на инфицирано видео испратено до Безос од бројот на саудискиот принц.

Безос добил злонамерна порака среде пријателска размена на пораки со принцот, изјавил извор за Гардијан. Само неколку недели порано, Безос и Бин Салман биле на вечера во Холивуд со холивудскиот продуцент Брајан Грејзер, во рамки на дипломатско-економската турнеја на принцот во САД, каде се сретнал со сите, од претседателот Доналд Трамп до Безос, Марк Цукерберг и Опра Винфри.

Откако бил хакиран, од мобилниот на Безос била извлечена голема количина на податоци, но не се знае точно какви. Сето тоа се случило на 1 мај 2018 година.

Саудиска Арабија и претходно веќе негирала дека го хакирала мобилниот телефон на американскиот милијардер, од кој се протечени пораки и фотографии што Безос ги разменувал со љубовницата Лорен Санчез, поради кои конечно се развел од сопругата Мекензи, што американските медиуми го опишаа како еден од најскапите разводи во историјата.

Ова е токму причината зошто Безос ангажирал приватни иследници кои на крајот утврдиле дека Саудијците му го хакирале мобилниот телефон, како што уште од самиот почетокот се сомневало.

Саудиската амбасада во САД во меѓувреме се огласила за скандалот преку Твитер: „Неодамнешните извештаи во медиумите кои сугерираат дека Кралството стои зад хакирањето на мобилниот телефон на Џеф Безос се апсурдни. Бараме истрага за овие обвинувања, да ги имаме сите факти“, се наведува во саудискиот твит.

Безос, според топ-листата на магазинот Форбс, има богатство од 115,6 милијарди долари, пред сопствениците на конгломератот Мот Хенеси - Луи Витон, Бернард Арно (111,2 милијарди) и ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс (110,6 милијарди). Покрај тоа што е сопственик на најголемата светска онлајн продавница, Безос е сопственик и на еден од најголемите американски весници, Вашингтон пост.

Токму за Вашингтон пост пишувал Џамал Кашоги, саудискиот новинар со американско живеалиште, кој брутално е убиен во саудискиот конзулат во Истанбул, каде со измама бил намамен. Тоа се случило само половина година по турнејата на принцот во Америка. Откако саудиските агенти го убиле Кашоги, тие му го распарчале телото и, според турските служби, најверојатно го раствориле во киселина.

Американската ЦИА открила дека всушност принцот Мухамед го наредил неговото убиство, иако тој и саудискиот режим целосно го негираат тоа - но првично негирале дека Кашоги воопшто бил убиен. Минатиот месец, саудискиот суд на смрт осуди петмина свои државјани за убиството на Кашоги, одред на ниско рангирани служебници за кои Ријад тврди дека биле „одметнати“ и го извршиле убиството самостојно.

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе