Протекоа записници од состанок

Гардијан: ЕУ тајно го менува законот за геноцид во БиХ

Високи функционери на Европската Унија работат зад кулисите на „поправање“ на новиот закон во Босна и Херцеговина кој наложува казни за негирање на геноцидот во Сребреница, откако приватно заклучиле дека ризикува повторно придвижување нов регионален конфликт, пишува британски Гардијан.

Скриншот

Милорад Додик, српскиот член на Претседателството на БиХ, беше обвинет во последните месеци дека се обидува да ја растури земјата со повлекувањето на српските претставници од државните институции, се наведува во текстот.

Тој тврдеше дека постои нерамнотежа на моќта и кога Валентин Инцко, заминувачкиот шеф на босанскохерцеговската канцеларија на високиот претставник, летоска забрани негирање на геноцидот, тоа беше недемократски.

Потезите на Додик да ги врати овластувањата наидоа на осуда од Западот, кој го обвини дека го води регионот во војна, но протечените записници откриваат дека европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји заклучил дека законот на Инцко е одговорен за актуелната криза.

За време на состанокот со делегацијата на ЕУ во Босна, Вархеји, кој е одговрен за јакнење на односите на блокот со БиХ, дал „искрена оценка“ дека Инцко е „виновен за актуелната политичка криза“ во земјата и „делегитимизирањето“ на канцеларијата на високиот претставник.

„Иако амандманите на Инцко не можат да се оспорат од аспект на суштината на законот, фактот дека се наметнати на последниот ден на мандатот на високиот претставник Инцко беше проблематичен“, се наведува во записникот на состанокот со Вархеји одржан на 25 ноември.

Вархеји, кој е близок до десничарскиот премиер на Унгарија Виктор Орбан, им кажал на своите колеги функционери на ЕУ дека бошњачкото раководство навестило спремност ова прашање да се реши со усвојување нов закон кој Додик и Република Српска би можел да ги врати во институциите на БиХ.

Со Дејтонскиот мировен договор во 1994 година заврши граѓанската војна која однесе околу 100.000 животи по распадот на Југославија, вклучувајќи над 7.000 мажи и момчиња босански муслимани убиени во Сребреница и околината.

Со договорот беше воспоставен нов устав на БиХ, составен од два ентитети: Федерацијата Босна и и Херцеговина, составена претежно од Бошњаци и Хрвати, и Република Српска. Тричленото претседателство на Босна го сочинуваат претставници на трите главни етнички групи.

Таканаречените Бонски овластувања од 1997 година исто така ѝ даваат значителни овластувања за донесување закони на канцеларијата на високиот претставник задолжен за спроведување на договорот. Има овластување да наметнува одлуки или менува функционери кои ја поткопуваат повоената етничка рамнотежа и напорите за помирување, пишува Гардијан.

Инцко, австриски дипломат, во јули го прогласи негирањето на геноцидот казниво со до пет години затвор.

Во записникот се гледа дека Вархеји кажал дека верува дека постои излез од актуелната криза и дека ја одобрил специјална седница на Народното собрание на Република Српска на 10 декември на која членовите ја поддржаа резолуцијата со која се поддржува враќањето на овластувањата на РС.

Неговиот услов, меѓутоа, бил законот со кој се бара на државата да ѝ се вратат овластувањата во областа на даночната управа, правосудството, разузнавачката служба, па дури и националната војска, за да се создадат српски сили, да се одложи за шест месеци за да се остави време за преговори.

Вархеји кажал дека постапувањето со законот за геноцид е од витално значење за Додик да го признае наследникот на Инцко, Кристијан Шмит од Германија, кој кажа дека регионот се соочува со најголемата криза во последните 25 години.

Портпаролот на Европската комисија не одговорил веднаш на барањето на Гардијан за коментар.

Легенда под Главна слика

Скриншот

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе