Ганц доби мандат да формира влада

Главниот политички ривал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Бени Ганц доби мандат од претседателот Рувен Ривлин да формира влада на Израел.

„Ќе направам сè што е во моја моќ за неколку дена да формирам влада на национално единство“, рече Ганц, лидер на партијата Сино и бело, пренесува Ројтерс.

Ганц има поддршка од 61 од вкупно 120 пратеници во парламентот.

Ганц рече дека неговата влада „ќе го излечи израелското општество од коронавирусот, како и од вирусот на омраза и поделба“.

„Ова не се нормални денови“, рече Ганц по добивањето на мандатот. „Лидерите мора да ги остават настрана личните ставови“. Неговата влада, рече тој, ќе ги претставува избирачите од сите партии.

„Кризата со коронавирусот не е најголемата криза со која сме се соочиле. Видовме егзистенцијални, болни кризи и ги пребродивме заедно“, рече Ганц. „Ги повикувам сите носители на одлуки да не паничат и да носат смиреност и безбедност“.

„Отсекогаш сум сакал единство. Дојде време Нетанјаху да одлучи по кој пат сака да оди“, рече Ганц. „Дојде време да ги оставиме настрана бојкотите и уништувањето и да ги поврземе сите племиња на Израел и сите граѓани на Израел. Ќе го победиме коронавирусот и ќе ја победиме омразата“.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе