Габон и Гвинеја основаа генерални конзулати во Лајун и Дакла, ново признание дека Сахара е Мароко

Габон и Гвинеја, денеска ги инаугурираа своите генерални конзулати во градовите Лајун и Дакла во Кралството Мароко, следејќи ги стапките на Унијата на Коморските Острови при основањето генерален конзулат во Лајун лани на 18 декември и инаугурацијата на Генералниот конзулат на Гамбија во Дакла на 14 јануари годинава.

Овие четири важни дипломатски настани претставуваат колективно признание дека Сахара е Мароко и создаваат тло за потврда на мароканскиот суверенитет на регионот Сахара.

Одлуката донесена од овие четири земји да отворат свои генерални конзулати во мароканска Сахара претставува чин на суверенитет, што е во целосна согласност со дипломатските правила и практики и предвидува продолжување на оваа нова динамика, од страна на други нации.

Отворањето на овие четири дипломатски претставништва во мароканската Сахара илустрира и признавање на африканската визија на неговото височество кралот, во поглед на силна меѓу-африканска соработка на континентот и силно сведоштво за безбедноста и стабилноста што преовладуваат во провинциите на Сахара во Кралството Мароко, особено ако се знае бурниот и нестабилен регионален контекст.

Четирите африкански земји кои ги отворија своите дипломатски претставништва, претставуваат три од петте под-региони на континентот (Западна Африка, Централна Африка и Јужна Африка). Овие дипломатски акти чие значење е со континентален обем, се очекува да предизвикаат позитивни и сродни реакции и кај други блиски земји и пријатели на Кралството Мароко.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе