Г7 вети дека ќе продолжи со политиките за ублажување на последиците од пандемијата

Министрите за финансии на Г7 и гувернерите на централните банки ветија дека ќе ги прошират фискалните и монетарните мерки колку што е потребно за да се врати растот и довербата разнишани од пандемијата на коронавирусот.

„Ќе сториме сè што е потребно за да ја вратиме довербата и економскиот раст и да ги заштитиме работните места и отпорноста на финансискиот систем. Исто така се обврзуваме да ја унапредуваме глобалната трговија и инвестиции со цел да ја одржиме благосостојбата“, се вели во соопштението на групата од седум најразвиени економии во светот.

Г7 составена од Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Соединетите Држави, најави дека ќе продолжи со неделните состаноци.

Финансиските службеници истакнаа итна потреба да се поддржи брзиот развој, производството и дистрибуцијата на средствата за дијагностицирање, терапија и вакцини за ковид-19, болеста предизвикана од коронавирусот.

Тие, исто така, им обезбедуваат помош на другите земји во зајакнувањето на нивните напори за сузбивање на болеста, која веќе зарази повеќе од 400.000 луѓе ширум светот, a од кој починаа повеќе од 18.500.

Официјалните лица изјавија дека се подготвени да спорведат фискални напори потребни за нивните економии да закрепнат и да се вратат на патот на одржлив раст, истовремено обезбедувајќи помош за одржување ликвидност за да се ублажат економските последици.

Одговорот на Г7 вклучува помош за компаниите и поединците да ја преживеат пандемијата и падот што го предизвика.

За разлика од глобалната финансиска криза 2007-2008 година, каде напорите главно се фокусираа на големите банки и компании, оваа криза ја принуди Г7 да влезе во нови области како помош за вработување, работа од дома и помош за ранливата популација и проширување на пристапот за грижа на децата и помош за невработените.

Министрите рекоа дека исто така обезбедуваат помош за одржување ликвидност, субвенционирани заеми, даночни олеснување и олеснувања при отплата на заеми и, кога е можно, субвенции за засегнати бизниси, особено мали и средни бизниси.

На монетарниот фронт, централните банки членки на Г7 преземаат вонредни мерки за поддршка на економската и финансиска стабилност и преку размена помеѓу централните банки, се вели во соопштението.

„Ветуваме дека ќе одржуваме експанзивни политики колку долго е потребно и подготвени сме да преземеме понатамошни активности со сите инструменти во согласност со нашите мандати“, се вели во соопштението на Г7.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе