По дводневниот состанок во Франција

Г7 со заедничка декларација за борба против шверцот на дрога, на оружје и на мигранти

Министрите за надворешни работи од групата седум индустриски најразвиени земји Г7 денес го завршуваат дводневниот состанок во француското гратче Динар, при што треба заеднички да се заложат за решавање на глобалните предизвици, што би требало да претставува основа на самитот на лидери на Г7 во август, објави новинската агенција АП.

Министрите на крајот на средбата сакаат заедничка декларација за борба против шверцот на дрога, на оружје и на мигранти, како и за борба против компјутерскиот криминал и сексуалното насилство врз жените во конфликтните зони, особено во Африка.

АП додава дека имало несогласувања меѓу министрите. Американската страна не се согласува со ставот на Италија за Венецуела и за соработката со Кина.

Француските медиуми објавија дека меѓу главните теми е борбата против сите форми на нееднаквост, што е приоритет за Франција, која оваа година ја претставува Г7.

На собирот не присуствува шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, туку неговиот помошник Џон Саливан.

Состанокот се одржува како дел од подготовките за самитот на шефови на држави во август во Бијариц, на францускиот атлантски брег.

Г7 се состои од САД, Канада, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција и Италија.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе