„За да помогнеме во напредокот кон глобалните цели за вакцинација на најмалку 40 отсто од населението во сите земји до крајот на 2021 година и 70 отсто до средината на 2022 година... ќе преземеме чекори за да помогнеме да се зголеми понудата на вакцини и основни медицински производи и количествата во земјите во развој и да ги елиминираме релевантните ограничувања во снабдувањето и финансирањето“, рекоа министрите на Г-20 во соопштението до кое дошол Ројтерс.
„Ја формираме Заедничката финансиска и здравствена работна група на Г20, чија цел е да промовира дијалог и глобална соработка за прашања поврзани со подготвеноста и одговорот за превенција од пандемија, промовирање размена на искуства и најдобри практики, развивање координативни аранжмани меѓу министерствата за финансии и здравство, промовирање на колективно дејствување, проценка и решавање на здравствените вонредни состојби со прекугранично влијание и поттик за ефикасно управување со ресурсите“, се вели во соопштението.