Г20 го продолжи периодот на суспензија на наплата на долговите од најсиромашните

Групата 20 водечки економии во светот (Г20) постигна договор за продолжување на периодот на делумна или целосна суспензија на наплатата на долгот за најсиромашните на уште шест месеци.

Фото: ЕПА

На состанокот одржан преку интернет, министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите на групата Г20 се согласија Иницијативата за привремена суспензија за сервисирање на долговите (ДССИ) да се продолжи до јуни 2021 година „заради поддршка на најранливите земји во борбата“ со пандемијата.

Привремената суспензија е во сила од 1 мај и првично требаше да истече кон крајот на оваа година.

Групата Г20 ќе одлучи за понатамошно можно продолжување на состанокот следната пролет, според соопштението објавено во средата по состанокот.

Иако „изгледите се помалку неповолни, а светската економија покажува знаци на закрепнување“, изјавија официјални лица, „закрепнувањето е нерамномерно, многу неизвесно и изложено на ризици од понатамошно слабеење“.

„И покрај постигнатиот напредок во однос на меѓународната финансиска помош за најсиромашните земји, ние мора уште повеќе да се ангажираме“, рече саудискиот министер за финансии Мохамед ал-Џадан во воведното обраќање, поддржувајќи го продолжувањето на иницијативата.

Шефот на Светската банка Дејвид Малпас им порача на претставниците на Г20 дека мора да разгледаат дополнителни мерки, бидејќи иницијативата за суспензија на напалата на долг само ја одложува наплатата и не ги намалува обврските на сиромашните.

Постои опасност да се изгуби контролата над долгот кој најсиромашните нема да можат да го вратат, објасни Малпас.

До следната година кризата би можела да турне во крајна сиромаштија уште 150 милиони луѓе и бара порешителни мерки за намалување на долгот на сиромашните, рече шефот на СБ.

„Рецесијата во развиените економии е помалку страшна отколку што се стравуваше, но во повеќето земји во развој таа прерасна во депресија, особено во оние најсиромашните“, нагласи тој.

Тој ги повика лидерите на Г20 да го поддржат барањето за на Меѓународната асоцијација за развој, одделот на Светска банка што им помага на најсиромашните, да им се стават на располагање дополнителни 25 милијарди долари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе