Фукушима: Јапонија започна со отстранување на нуклеарното гориво од оштетениот реактор

Операторот на јапонската нуклеарна централа Фукушима започна да го отстранува нуклеарното гориво од едниот реактор стопено по катастрофалниот земјотрес и цунамито во 2011 година, јави Би-би-си.

Со помош на опрема контролирана со далечински управувач експертите планираат да ги извлечат нуклеарните прачки од складиштето во внатрешноста на реакторот број три.

Се очекува оваа чувствителна операција во контаминираната област да трае две години.

Следната фаза на чистење на реакторот 3 би требало да биде отстранување на растопеното нуклеарно гориво што е останато длабоко во внатрешноста на реакторот.

Портпаролката на компанијата ТЕПКО, Токио електрик пауер, изјави дека операцијата за отстранување на горивото била одложена поради остатоците што останале во зградата по земјотресот, како и поради други технички проблеми.

Поради експлозијата предизвикана од земјотресот и цунамито во 2011 година се оштетени зградите со реакторите на нуклеарната централа Фукушима Даичи. Три реактори се стопиле.

За време на оваа операција на чистење, експертите ќе се обидат да пренесат повеќе од 500 радиоактивни цилиндри од потопениот дел и да ги пренесат со камиони во базен со вода за складирање.

Доколку цилиндрите се скршат или се изложат на воздух може да се ослободат радиоактивни гасови.

Оваа фаза на чистење се одвива неколку недели откако повторно беше дозволен престој во еден од двата града во близина на објектот, што ќе им овозможи на жителите да се вратат во своите домови за првпат по катастрофата во 2011 година.

Експертите велат дека нивото на радијација е безбедно, па околу 50 луѓе ќе се вратат во своите домови во областа на градот Окума. Сепак, медиумите пишуваат дека повеќето други жители се сè уште загрижени поради нивото на радијација и дека веројатно нема да се вратат.

Отстранувањето на растопеното нуклеарно гориво од реакторот број 3 се смета за најтежок дел од чистењето и не се очекува да започне пред 2021 година.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе