Ваквиот руски потег претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен го опиша како „уцена“.
Некои од најголемите европски енергетски компании се подготвуваат да го користат новиот систем за плаќање на рускиот гас, што го бара Кремљ. Критичарите велат дека таквиот потег ќе ги поткопа европските санкции кон Русија, како и единството на Европската унија, и на крајот ќе внесе милијарди во руската економија.
ФТ повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, пишува дека големите дистрибутери на гас во Германија, Австрија, Унгарија и Словачка планираат да отворат сметки во рубли при Газпромбанк во Швајцарија за да го исполнат барањето на Русија за плаќање на гасот во таа валута.
Групата ги вклучува двата најголеми увозници на руски гас - германската Унипер и австриската ОМВ, наведува Фајненшл тајмс.