ФСБ: Малолетници планирале масовно убиство во Русија (ВИДЕО)

Руската Федерална служба за безбедност приведе двајца 14-годишни тинејџери во рускиот град Саратов под сомнение дека планирале вооружен напад врз училиште, изјави за ТАСС прес-службата на ФСБ.

„Спречениот напад го организирале двајца руски државјани родени во 2005 година, кои преку разни интернет групи промовирале масовно убиство и самоубиство“, информираат од прес-службата.

„Тинејџерите беа фатени во напуштена скривница, каде што држеа ловџиска пушка“, открива прес-службата.

„Откриено е дека во нападот, освен огнено оружје, планирале да користат и домашни експлозивни смеси, кои ги подготвиле според упатства од Интернет“, се додава во соопштението.

Еден од притворените тинејџери сакал да убие околу 40 лица од одмазда, изјавил неговиот соучесник. На видеото објавено од ФСБ се слуша дека тинејџерите им кажуваат на истражителите: „Игор очекуваше околу 40 луѓе (да бидат убиени)“.

Истражниот комитет во регионот Саратов поведе кривична постапка против група лица за подготовка на убиства на повеќе лица во претходен заговор.

Претходно, ФСБ објави дека во Керч спречиле два терористички акти врз образовни институции и дека како резултат на тоа исто така биле уапсени двајца тинејџери. Од нив се одземени домашни експлозивни направи.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе