ФСБ ги претресува просториите на вселенскиот центар: „Ќе летаат глави“ поради истекување на тајни за ракетниот систем

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ги претресувала просториите на еден центар за вселенски истражувања под сомнеж дека оддале тајни во врска со хиперсоничните проектиле на западни шпиони, јави Би-би-си.

Државната вселенска агенција Роскосмос соопшти дека нејзиниот персонал соработува со агенти на ФСБ на расветлување на едно кривично дело.

Рускиот весник Комерсант пишува дека се осомничени десетина вработени во објектот на Роскосмос наречен Тсниимаш. Објектот се наоѓа во градот Корољев во регионот на Москва. Канцеларијата на директорот е претресувана. ФСБ, исто така, ги претресувале канцелариите на Обединетата ракетна и вселенска корпорација (ОРКК) во Москва.

Руското Министерство за одбрана во четвртокот објави видео снимка од два нови хиперсонични ракетни системи - кинжал и авангард. И двете ракети можат да носат нуклеарни глави. Хиперсоничните проектили се повеќе од пет пати побрзи од брзината на звукот.

Меѓутоа, рускиот воен експерт Павел Фелгенхауер за Би-би-си рече дека е скептичен во врска со нивната ефикасност и го оцени видеото како „пропаганда“. За истрагата за шпионажа рече дека е „политичка бламажа“.

Сепак Комерсант пишува дека осомничените во овој случај би можеле да бидат обвинети за предавство.

„Утврдено е дека протекувањето дошло од вработените во установата Тсниимаш“, изјавил извор близок на ФСБ. Според изворот, „многу глави ќе летаат“ и ова нема да заврши „со неколку отпуштања“.

Руското Министерство за одбрана објави видео снимки од новата генерација ракети способни да носат нуклеарни глави. На снимката се гледа дека некои се испалени од бомбардери, додека останатите се испалени од земја или од возила во движење.

Претседателот Владимир Путин го претстави системот во март. Тогаш, за ракетата кинжал соопшти дека достигнува брзина од 12.000 км/ч (10 пати побрзо од звукот) и дека има опсег од 2.000 километри. Ја испалуваат авионите МиГ-31 или Ту-22М3.

Според агенцијата Интерфакс, миговите опремени со ракетите кинжал, наводно, веќе патролираат над Касписко Море.

Павел Фелгенхауер, кој известува за воени прашања во дневникот Рускаја газета, тврди дека суперсоничните проектили нема да заживеат. Тие се како некој вид традиција огромни ракети да се носат на Црвениот плоштад, вели тој.

Тоа е пропаганда, а претседателот Владимир Путин сака кога руската армија му сервира вакви работи. На вакви проекти се работело уште во советско време, но уште во 1990-тите се ставени на чекање“, рече тој.

Кинжал е само „Искандер“ ракета (со краток опсег) прикачена на авион - тоа создава проблеми бидејќи не е предвидена за овој опсег. Нема боева глава која може да се одвојува и има голема можност да експлодира уште додека е во атмосфера. Исто така, не може да погодува подвижни цели. Податоците за позицијата на целта мора да се внесат пред лансирањето, објасни тој.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе