Фрлени Молотови коктели во станица на метрото во Хонг Конг (ВИДЕО)

Станица на метрото во Хонг Конг е поприлично оштетена откако во неа биле фрлени Молотови коктели, но никој не бил повреден во инцидентот, соопштија властите.

Во Хонг Конг денес продолжија продемократските протести, но бројот на демонстрантите е прилично помал отколку на досегашните собири, јавува Асошиејтед прес.

Американската агенција тврди дека неколку илјади луѓе мирно прошетале денес во Каулун, како и дека собирот на околу 200 луѓе пред полициската станица минал мирно.

Меѓутоа, Ројтерс го пренесува соопштението на владата дека се фрлени Молотови коктели во метро станицата во Каулун и дека полицијата повикала итно да се сопре со сите нелегални дејства.

Владата соопшти дека ги осудува сите насилства и дека ќе спроведе детална истрага за инцидентот.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе