Фрлена боја на резиденцијата на американскиот амбасадор во Атина

Членови на грчката анархистичка група „Рубикон“ утрово фрлиле боја на резиденцијата на американскиот амбасадор во Атина, а потоа избегале на мотоцикли, објави Катимерини.

Американскиот амбасадор во Грција, Џофри Пајат, го осуди нападот врз неговиот дом во Атина.

На својот твитер-профил тој го опиша нападот како „детски вандализам“ и рече дека ќе соработува со грчките власти за да ги казни сторителите.

Амбасадорот рече и дека „уништувањето на имотот не е мирен протест“.

Грчкото Министерство за надворешни работи, исто така, го осуди нападот, велејќи дека тоа е „неприфатлив и неодговорен чин, кој нема да му наштети на пријателството и пошироката соработка меѓу нашите две земји“.

Анархистичките и ултралевичарските групи често вршат вандалски напади врз домовите или канцелариите на дипломатите и политичарите во Атина, обично фрлајќи боја, вели Асошиејтед прес.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе