Френсис Хауген: Ребрендирањето нема смисла, Закерберг мора да си оди (ВИДЕО)

„Свиркачката" Френсис Хауген го повика својот поранешен шеф Марк Закерберг да се повлече од функцијата извршен директор на Фејсбук, и така да овозможи промени во компанијата наместо да троши ресурси за нејзино ребрендирање.

Фото: ЕПА

„Мислам дека е малку веројатно дека компанијата ќе се промени доколку Марк Закерберг остане главен извршен директор (...) Фејсбук би бил посилен со некој што е подготвен да се фокусира на безбедноста“, рече Хауген во Лисабон на отворањето на технолошката конференција Веб самит.

Имено, неодамна во јавноста протекоа голем број интерни документи кои сведочат за практиките на Фејсбук кои се штетни за општеството и овозможуваат злоупотреба на таа платформа, кои Хауген им ги достави на медиумите, политичките институции и регулаторите.

Хауген, инженер за податоци и менаџер во мај ја напушти компанијата, а минатиот месец пред членовите на британскиот парламент и американскиот Конгрес, меѓу другото изјави дека објавувањето содржини кои поттикнуаат омраза е „најдобриот начин за раст“ на Фејсбук и дека компанијата е „без сомнеж“ свесна дека таа социјална мрежа шири омраза на интернет, користејќи алгоритамски систем кој дава приоритет на содржината што собира најмногу кликови.

Поради силните критики за деловните практики на корпорацијата, Фејсбук минатата недела објави дека го промени името на компанијата во Мета, објаснувајќи дека новото име подобро ќе го одрази она што тие го работат, во време кога се шират надвор од социјалните медиуми во области како што е виртуелната реалност (ВР), исто така заснована на концептот на „метаверзум“.

Промената не се однесува на индивидуални платформи, како што се Фејсбук, Инстаграм или Вотсап, туку само за матичната компанија чиј дел се тие.

Коментирајќи го ребрендирањето во Лисабон, Хауген тврди дека тоа нема смисла со оглед на безбедносните прашања што допрва треба да се решат.

„Фејсбук секогаш одново избира проширување и нови области наместо да го капитализира веќе постигнатото“, рече Хауген, чие обраќање честопати беше прекинувано со аплауз од собраните.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе