Франс прес: Русите ја повлекуваат војската (ВИДЕО)

Агенцијата Франс прес објави дека руските трупи, кои беа распоредени на границата со Украина, почнале да се повлекуваат.

EPA-EFE

Руските војници, кои според некои проценки ги има околу 10.000, имаат најсовремена опрема и возила, а нивното трупање во тензичната област ја доведе ситуацијата до вжештување. Украина потегот го нарече повик на војна, а Москва тврдеше дека станува збор за претходно најавена воена вежба.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави синоќа дека Вашингтон „и понатаму внимателно ќе ја следи“ ситуацијата на границата меѓу Русија и Украина.

„Нашите единици и воени трупи сега се упатени кон станиците за товарење на железниците и аеродромите“, наведе руското министерство за одбрана.

Повлекувањето почнало на Крим, црноморскиот полуостров кој Русија го припои во 2014 година, ден по завршувањето на воените вежби.

„Силите на Јужната воена област и воздухопловните сили кои учествуваат во маневрите за ненадејна проверка почнаа на 23 април враќање кон своите постојани места на распоредување“, наведе министерството.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој вчера присуствуваше на воените вежби на Крим, објави дека повлекувањето на војниците од Крим и од западот на Русија ќе почне денес, 23 април, и ќе трае до 1 мај.

Тој кажа дека маневрите биле ненадејни вежби за да се провери состојбата на готовноста на руските сили. Според министерството за одбрана, во маневрите учествувале околу 10.000 војници, военото воздухопловство, околу 40 воени брода, противвоздушната одбрана и воздухопловно-десантните сили.

Присуството на толку голем број руски војници во близина на Украина, во која од 2014 беснее граѓанска војна на истокот на земјата, во последните недели поттикна тензии на Москва со Киев и Западот. Украина тврдеше дека Москва подготвува инвазија. Русија го негираше тоа, тврдејќи дека вежбите не се закана туку дека се одговор на вежбите на НАТО во Европа и на украинските провокации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе