ЈУНАКОТ НА УЛТРАКОНЗЕРВАТИВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ

Франс прес: Дали Мајк Пенс е следниот претседател на САД?

Пред точно една година, Доналд Трамп го катапултираше гувернерот на државата Индијана Мајк Пенс на меѓународната политичка сцена, што се исплатеше, зашто тој во јануари стана 48-от потпретседател на САД, оценува француската новинска агенција Франс прес.

Пенс (58), со сериозен израз на лицето и бела коса, е најблиску до главната фотелја во Белата куќа, зашто е автоматска замена во случај на предвремено заминување на претседателот на САД од власт, или како негов логичен наследник во 2020 или 2024 година, во зависност од тоа дали Трамп ќе се кандидира за втор мандат.

Пенс е чиста спротивност на милијардерот што сега е шеф на Белата куќа. Тој е херој на ултраконзервативните христијани, додека Трамп игра на картата идеологија. Пенс е крут и дисциплиниран, а Трамп е темпераментен и непредвидлив.

Поради сериозноста на карактерот и доследноста Пенс стана една од клучните фигури во Вашингтон и е почитуван во парламентарните кругови на републиканците што се дезориентирани од начинот на владеење на Трамп. Пенс речиси секоја недела оди во Конгресот за да се увери дали пратениците ги разбираат одлуките на Трамп.

Медиумите во САД веруваат дека Пенс „е чеканот за кршење на стаклото во случај на опасност“, додека експертите сметаат дека мисијата на Пенс е пораката: „Јас сум тука, сè е во ред“.

И покрај беспрекорната верност кон Трамп, Пенс дискретно се подготвува за можната идна најважна улога во Белата куќа. Њујорк тајмс објави дека Пенс отворил фонд наменет за собирање пари за случај на кандидатура за шеф на државата, а почна да приредува и вечери за големите републикански донатори.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе