Французите тврдат дека Спутник V нема да биде одобрен во ЕУ пред јуни

Руската вакцина Спутник V нема да може да биде одобрена во Европската унија пред крајот на јуни, рече во четвртокот францускиот државен секретар за европска политика, додека некои земји се надеваат на скоро одобрување за да се забрза кампањата за вакцинација.

Фото: ЕПА

„Постои прва фаза во испитувањето (во постапката на одобрување), која се вика научен преглед, кој сигурно, кажано ни е, ќе трае до средината на јуни“, рече Клемент Бон пред сенатскиот Одбор за европски прашања.

„Потоа следи последната фаза, а тоа е мислењето на Европската агенција за лекови (ЕМА) за одобрението да се стави во промет, за кое треба уште неколку недели. Значи, вакцината најверојатно нема да биде одобрена пред крајот на јуни“, додаде тој.

ЕУ тогаш ќе мора да има „ многу повеќе расположливи дози вакцини (од други лаборатории), така што потребата ќе биде многу помалку итна“, рече тој.

Клемент Бон исто така предупреди на ограничените капацитети за производство на руската вакцина и ѝ префрли на Москва, по некои француски и европски лидери, дека го користи Спутник како пропагандно оружје на меѓународната сцена.

„Нашите руски пријатели се користат со геополитички потези и комуникациски маневри за да покажат колку се присутни во Европската унија“, рече тој.

„Да не бидеме наивни, имаат стратегија на поделба во ЕУ, што, за среќа, досега не успеа, освен неколку убоди“, рече тој.

Меѓу 27 земји-членки на ЕУ, досега само Унгарија, Словачка и Чешка одлучија да набават руска вакцина без да чекаат одобрување од ЕМА.

Одлуката предизвика оставка на премиерот Игор Матовиќ во Словачка во вторникот, кој исто така беше критикуван од некои членови на неговата влада.

Други земји, како што е Германија, се подготвени да го користат Спутник V за борба против пандемијата, доколку тоа го одобри Европската агенција за лекови.

„Не исклучуваме ниедно решение, ниедна можност, но да не се залажуваме во врска со руските и кинеските вакцини“, истакна Бон.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе