Францускиот Сенат побара од владата да го признае Нагорно Карабах

Францускиот Сенат усвои резолуција со која се повикува владата да ја признае независноста на Нагорно Карабах. Документот е усвоен со 305 гласа „за“, додека само еден бил против.

EPA-EFE

„Сенатот ја повикува француската влада да ја признае Република Нагорно Карабах и да го искористи тоа признавање како инструмент во преговорите со цел воспоставување стабилен мир“, се наведува во документот.

Од своја страна, државниот секретар на министерството за надворешни работи на Франција Жан Батист Лемуан изрази мислење дека „еднострано признавање на Карабах нема никому да му користи“ ниту ќе помогне при посредувањето. Тој потсети дека Франција е членка на Минската група на ОБСЕ и дека се залага за реализација на постигнатиот договор за прекин на огнот од 10 ноември.

Резолуциите на францускиот Сенат (горниот дом на парламентот) имаат карактер на препораки, и извршната власт не е обврзана да ги почитува.

Лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија, Владимир Путин, Илхам Алиев и Никол Пашинјан потпишаа на 10 ноември заедничка изјава за целосен прекин на борбените дејства во Нагорно Карабах. Како што беше договорено, еден дел од регионот преминува под контрола на Азербејџан, страните разменија заробеници, а руските мировни сили се распоредија долж линијата на контакт и го обезбедуваат Лачинскиот коридот кој ја поврзува Ерменија со Карабах.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе