Францускиот Сенат дополнително го ограничи носењето хиџаб

Францускиот Сенат усвои серија мерки со кои се ограничува носењето хиџаб, за време на расправата за нацрт-законот за „сепаратизам“, кој се однесува на радикалниот ислам.

Фото: ЕПА

Мерките донесени од Сенатот, во кој доминира десничарската опозиција, би можело да бидат повлечени од законот кога предлогот ќе се врати во Националното собрание.

Меѓу мерките се забраната за носење муслимански превез за време на училишни патувања, забрана за буркини на базените, како и забрана за носење шамија за малолетници.

Предлог-законот предвидува мерки за неутралност на јавните служби, зголемена контрола на здруженијата, поголема транспарентност на сите верски групи и нивно финансирање, домашно образование или борба против сертификатите за девственост или полигамија.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен рече дека целта е религијата да не се користи за контрола на дијаспората.

Повеќе од 600 амандмани беа доставени во предложениот текст за „почитување на принципите на Републиката“, кој беше усвоен од Собранието во првото читање.

Оваа тема е деликатна во Франција, каде што исламските организации и местото на исламот, втора по големина религија во земјата, се предмет на постојани тензии, обележани со низа напади од џихадисти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе