Францускиот премиер предупреди дека епидемијата се движи во погрешна насока

Францускиот премиер Жан Кастекс во вторникот изјави дека стапката на зараза на коронавирус во Франција се движи во погрешна насока и дека е потребно заедничко дејствување на национално ниво за ситуацијата да не избега од контрола, јави Ројтерс.

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Јавноста станува немарна, предупреди премиерот, откако од сабота до понеделник, според официјалните бројки, се забележани речиси 5.000 нови случаи на ковид-19. Епидемијата во земјата однесе повеќе од 30.000 животи.

Бројот на позитивни тестови на вирусот се зголеми од околу илјада на ден пред три недели на скоро две илјади на ден сега, рече францускиот премиер за време на посетата на главната болница во Монпелје.

Земјата оваа недела ќе го премине „прагот на претпазливост“ од 20 случаи на 100.000 жители, предупреди тој.

Кастекс рече дека француската влада донесе одлука да ја продолжи забраната за собири на повеќе од 5.000 лица до крајот на октомври и дека ќе подготви нови ограничувања за 20 најголеми градови за да се спречи ширењето на заразата.

Некои градови веќе презедоа акција. Париз во понеделникот им се придружи на Тулуз, Лил, Бијариц и други во наметнувањето на задолжителната наредба за носење маска за лице при гужви на отворено. Тие се веќе задолжителни на национално ниво во продавници и банки.

Премиерот рече дека тестирањето е „повеќе од задоволително“, секоја недела во Франција се спроведуваат над 600.000 тестови, но рече дека сè уште може да се направат уште за да се опфатат повеќе лица со симптоми, рече премиерот.

„Ако не дејствуваме заедно, се изложуваме на поголем ризик повторното ширење на епидемијата тешко да може да се контролира“, рече Кастекс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе