За да биде прифатен, текстот требаше да добие апсолутно мнозинство или 289 гласа, но десничарската опозиција и крајната десница предупредија дека нема да го поддржат. Гласањето беше реакција на минатонеделното одбивање на премиерката Елизабет Борн да побара поддршка за владина програма во францускиот парламент - што означува прекин со традицијата која досега воглавно се почитувала.
Макроновата центристичката коалиција го загуби апсолутното мнозинство на парламентарните избори на крајот на јуни, но сепак има најмногу пратеници, 250.
Покрај симболичното значење на овој предлог, опозицијата го користи како средство за преземање водечка позиција во долниот дом на парламентот, каде крајната десница е најголемата опозициска група, пред левицата, која е посилна во однос на вкупниот број пратеници, но е поделена во неколку групи, наведува агенцијата АФП.
Алијансата Нупес се состои од 151 пратеник, што значи дека петмина од нив одлучиле да не гласаат за недоверба, а тоа може да се протолкува како позитивен знак од Борн и нејзината влада, забележува агенцијата Ројтерс.