Францускиот министер за надворешни работи: Француските џихадистки се непријатели

Француските џихадистки кои заминале во Ирак и Сирија се милитанти и со нив така треба да се постапува, оцени францускиот министер за надворешни работи Жан Ив ле Дријан во разговор за дневниот весник Уест-Франс.

„Забележувам некаков вид сочувство на одреден број бранители на џихадистките, но тие се милитантки, активистки на џихадизмот. Така и треба со нив да се постапува, како со непријатели“, кажа шефот на француската дипломатија.

Францускиот став „од самиот почеток е многу јасен, нема враќање“, повтори Ле Дријан.

„Французите кои се бореле во редовите на групата Исламска држава се бореле против Франција. Значи, тие се непријатели и така со нив треба да се постапува и да им се суди, таму каде што ги извршиле злосторствата, во Ирак и во Сирија. Тоа важи и за жените и за мажите. За жените како и за мажите. И тоа затоа што во Ирак и Сирија, во 2014, 2015 и 1026, заминуваа главно да се борат“, оцени министерот на прашањето за можната разлика меѓу мажите и жените џихадисти.

„Проблемот е со децата. И тоа со малите деца и можно е мајките на крај да одбиваат да се грижат за нив“, забележа Ле Дријан.

„Секој случај ќе се разгледува посебно во соработка со Црвениот крст, со многу внимание за да се избегне манипулирање со емпатијата. Значи, Франција ќе ги почитува законите и безбедноста на Французите. Правото и безбедноста на Французите, тоа се темелните принципи на нашиот став на таа тема“, заклучи францускиот министер.

Лоран Нунез, францускиот министер за внатрешни работи, сооошти дека има 500 деца на француски родители во Ирак и во Сирија.

Од тие 500 деца, околу сто се вратиле по 2015, а некои умреле. За 200 до 300 деца не се знае каде тие се наоѓаат, соопшти француската влада во четвртокот.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе