Француски рибари блокирале британски брод поради дозволите за риболов

Француски рибари го блокираа денеска британскиот брод „Норманди трејдер" во француското пристаниште Сен Мало, на денот кога почна нивниот протест поради незадоволството по повод британското издавање дозволи за риболов по брегзитот.

Фото: ЕПА

Француските рибари, исто така, планираат денеска да ги блокираат Евротунел и пристаништето Кале во знак на протест поради тоа што Британија не им издала повеќе дозволи за риболов од брегзитот.

Спорот избувна откако Британија ја напушти Европска Унија, при што Париз тврди дека Лондон требало да им издаде повеќе дозволи на француските бродови за риболов во британските територијални води.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманен го откажа состанокот со колегата од Велика Британија Прити Пател, кој требало да се одржи в недела, по критиките што британскиот премиер Борис Џонсон ги упати на сметка на Франција во врска со начинот на кој се занимава со миграциите, пренесуваат француските медиуми.

Како што оценува Ројтерс, неговата одлука е сигнал за лошите односи меѓу двете земји по брегзитот, како и поради тешкотиите со кои може да се соочат во заедничката работа во врска со спречувањето на приливот на мигрантите откако 27 луѓе пред два дена се удавиле обидувајќи се да стигнат до британските брегови.

Нивното загинување само го продлабочи анимозитетот меѓу Британија и Франција.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека Франција е крива, а францускиот министер за внатрешни работи ја обвини Британија „за лоша контрола на миграцијата”.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе