Француски предлог – автономија на северот на Косово во замена за грчко признавање

Советник на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи изјави дека, според сознанијата, Франција предложила привремен договор меѓу Белград и Приштина.

EPA-EFE

Тој договор, како што објаснил Артан Бехрами, е без заемно признавање, пренесува порталот Косово онлајн.

„Според моите информации, Германија не е во игра бидејќи има избори годинава, Америка му го предала овластувањето на Брисел за дијалогот. Постои идеја која ја форсира Франција, која ја поддржал Брисел, да се постигне привремен договор, поврзан со Вашингтонскиот договор, но тој е штетен за Косово, бидејќи има автономија на северот, поголеми права на СПЦ во замена за признавање од страна на Грција и визна либерализација“, изјави Бехрами во интервју за телевизијата Кљан Косова.

Истакна и дека советниците на францускиот претседател Емануел Макрон испратиле сигнал дека нема да има либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово.

„Тоа е преговарачка тактика, но интерно се преговара и верувам дека на следниот состанок кој ќе се одржи во Париз овие теми ќе бидат отворени. Не е добро да се влегува во таа игра бидејќи привремените договори не носат долгорочна стабилност, не го решаваат проблемот меѓу Косово и Србија, туку само создаваат илузии дека нешто е направено“, кажал Бехрами.

Тој истакнал и дека улогата на Соединетите Американски Држави е секундарна и „не е примарна како претходно“.

„Го изгубивме замавот во дијалогот и сега постојат иницијативи за постигнување договор не за заемно признавање како претходно, туку за привремени договори“, кажа меѓу другото Бехрами

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе