Француски министер во Каиро: Длабоко го почитуваме исламот

Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив ле Дријан изјави вчера во Каиро дека Франција „длабоко го почитува исламот“ и се зазема за смирување на ситуацијата со мнозински муслиманските земји околу спорот околу францускиот став за објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед.

EPA-EFE

„Ние имаме принцип на највисоко почитување на исламот“, им кажа Ле Дријан на новинарите. „Исто така сакам да кажам дека муслиманите се целосно дел од општеството во Франција“.

„Втората порака е дека сме соочени со закана од тероризмот, фанатизмот, на наше тло, но и насекаде, и оваа борба е заедничка борба“, истакна тој.

Кажа дека „дошол да ја објасни таа борба ако треба, како и борбата за почитување на верувањата“.

Ле Дријан се сретна со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси и потоа со министерот за надворешни работи на Египет Самех Шукри.

Неговата посета следува брзо по контроверзиите со објавувањето на карикатурите на Мухамед.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја бранеше слободата на објавување на карикатурите и вети дека нема да се откаже од тоа при националното давање почит на професорот Самуел Пати, кого на 16 октомври го обезглави исламист од Чеченија, бидејќи на настава го покажувал карикатурите.

Во некои мнозинско муслимански земји верниците гневно реагираа на изјавите на Макрон, палеа негови фотографии на протестите и беше почната кампања за бојкот на француските производи.

Шефот на француската дипломатија се сретна и со големиот имам на џамијата Ал Азхар, Ахмед ал Таеб, кој остро ја критикуваше Франција по изјавите на Макрон и го спореди ставот на официјален Париз со „повик на омраза“.

На почетокот на октомври имамот на Ал Азхар како „расистички“ го оцени говорот на Макрон против „исламистичкиот сепаратизам“. Во неделата Таеб повторно го критикуваше францускиот став за одбрана на слободата на изразувањето.

„Навредувањето на пророкот е целосно неприфатливо и на меѓународните судови ќе го пријавиме секое непочитување на нашиот пророк“, соопшти верската институција при посетата на францускиот министер.

Ле Дријан по разговорот призна дека има „бројни точки на несогласување“. Имамот предложил „заедничка работа на усогласување, бидејќи заедно мора да се бориме против фанатизмот“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе