Француски лекари го критикуваат олеснувањето на мерките: Тоа е политичка одлука

Околу дваесет француски лекари и научници изразија жалење затоа што постепеното укинување на рестрикциите наметнати поради ковид-19, што владата ги планира, „се водени повеќе од политички намери отколку од здравствени причини".

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Во статијата објавена на веб-страницата на дневникот Журнал ду диманш (ЖДД) тие истакнуваат дека „Институтот Пастер проценува дека само оптимистичко сценарио би овозможило да не дојде до рапидно ширење на епидемијата во текот на летото“, и потсетуваат дека научниот совет на 21 април предупреди дека здравствената ситуацијата е „загрижувачка“.

„Сведоци сме дека официјално се потврдува преминот од активно на пасивно управување со епидемијата. Тоа е смело коцкање, со особено високиот праг што не одговара на целите за контрола“, пишуваат потписниците, вклучително и лекари од итна служба, матични лекари и научници.

„По една година одрекувања, Франција сака да се врати колку-толку во нормален живот. Но, тоа може да се направи само врз научна основа“, додадоа тие, повикувајќи да се „изработи нов државен протокол кој ќе утврди јасни граници, ќе воведува автоматски мерки кои ќе бидат однапред утврдени и дискутирани“.

Наспроти тоа што бројките на заразени на ден и хоспитализациите се сè уште високи, француската влада започна со постепено укинување на ограничувањата, а на 19 мај планира да ги отвори продавниците, културните установи и бавчите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе