Француски историчар: Позицијата на Приштина е ослабена, а тоа е шанса за Белград

Францускиот историчар и професор на Сорбона Жан Пол Блед истакна дека позицијата на Приштина е ослабена и дека тоа е прилика за Србија.

EPA-EFE

Тој смета дека поднесувањето обвинение против косовскиот претседател Хашим Тачи е симболичен момент во историјата кога конечно е дојден моментот во кој претставниците на Албанците од Косово ќе одговараат за она за што се обвинети.

„Врз основа на она што досега се дозна, тој се наоѓа меѓу лицата чие место е пред меѓународниот суд. Најмало нешто е да одговара за она што е обвинет“, вели Блед.

Тој смета дека минува времето на „жешкиот период“ на проблемот во кој, на некој начин, властите на Косово биле „недопирливи“.

„Минаа 20 години. Тоа е долг период во кој можеше да се постави дистанца. Денес можат да бидат изнесени пред суд. Постои легитимитет тоа да се направи. Сега прашањето е каков резултат ќе има сето тоа“, наведе францускиот историчар.

Смета дека тоа би можело да го направи помалку тешко стигнувањето до дипломатско решение, бидејќи позицијата на Приштина е ослабена.

Сепак, иако се добива впечаток дека поддршката за Приштина не е како што беше, тоа не значи дека проблемот лесно ќе биде решен, истакна Блед.

„Американците во последните месеци го водеа главниот збор, но неодамна, со обвинението против Тачи, беа приморани да направат чекор наназад. Европејците се тука од самиот почеток. Русите се активни, но зад кулисите. Тоа го прави ова досие многу комплицирано. Често станува збор за нијанси“, смета тој.

Според него, прашањето на Косово за големите сили има значење бидејќи преку него се создаваат рамнотежата и односот на силите на Балканот.

„Во игра се интересите на големите сили и ова прашање, колку и да е мало во просторна смисла, може да ги искристализира ривалствата меѓу нив. Тоа што Косово по површина е мало не значи дека проблемот задолжително се мери со километарската важност на територијата“, заклучи Блед.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе