Француски Фигаро: Србија се заканува со интервенција доколку Косово формира војска

Францускиот весник Фигаро ја пренесува изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ дека евентуалното формирање косовска војска би можело да предизвика воена интервенција на Србија.

Весникот наведува дека Белград стравува дека војската би можела да биде употребена за протерување на српското малцинство од Косово.

Во текстот со наслов „Србија се заканува со интервенција ако Косово формира војска“, парискиот весник напомнува дека косовскиот парламент треба на 14 декември да се изјасни за трансформација на безбедносните сили, составени од 4.000 луѓе, во редовна војска.

„Тој процес би можел да трае со години, но Белград стравува дека таа војска би била употребена за протерување на српското малцинство кое и понатаму живее на Косово“, пишува Фигаро.

Во тој контекст, весникот на пренесува изјавата на српската премиерка Брнабиќ дека се надева дека Србија никогаш нема да мора да ја употреби војската, но дека тоа моментално е една од опциите кои се разгледуваат, бидејќи Белград нема само да го гледа етничкото чистење.

Повикувајќи се на неуменувани експерти, францускиот весник наведува дека таквата интервенција е малку веројатна имајќи ги предвид српските планови за влегување во Европската Унија и оценува дека „премиерката веројатно се обидува да ги придобие симпатиите на националистите“.

Весникот потсетува дека тензиите неодамна дополнително се зголемија кога Приштина на 21 ноември реши да воведе царини од 100 отсто на увоз на стока од Србија и БиХ, што, како што се оценува, е реакција на притисоците на Белград против приемот на Косово во Интерпол.

Фигаро укажува и на пораката на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг дека формирањето косовска војска би било спротивно на советите на голем број членки на НАТО и дека тоа би можело да има сериозни последици по идните евроатлантски интеграции на Косово.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе