Француската визија е Западен Балкан како област на мир и стабилност (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Загреб дека Париз го сака Западен Балкан како простор на мир и стабилност. „Француска визија е да изградиме простор на мир, стабилност, соработка, да се зајакне протокот на луѓе и (од Западен Балкан) да направиме вистински европски простор", рече Макрон на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

EPA-EFE/HINA

Запрашан за безбедносната ситуација на Западен Балкан, во контекст на претстојното претседавање на Франција со Европската унија и претходниот скептицизам на Париз за процесот на проширување, Макрон рече дека регионот е дестабилизиран од надворешни сили кои се обидуваат да ги оживеат етничките поделби.

„Франција е со народите од Западен Балкан“, додаде Макрон.

Тој рече дека Франција на самитот во Софија не кажала дека е против проширување на ЕУ, туку дека сака да стави крај на „бирократската ситуација“, односно решавање проблеми.

Макрон рече дека за време на хрватското претседавање со Унијата, во првата половина од минатата година, бил направен „повеќе политички процес“.

Тој изјави дека со Пленковиќ разговарал и за измените на изборното законодавство во БиХ, за проблемите во односите меѓу Бугарија и Македонија и за тензиите на релација Белград и Приштина. Макрон рече дека Париз и Загреб ќе дејствуваат заедно по овие прашања.

Тој го поддржа влезот на Хрватска во Шенген зоната и оцени дека треба да се реформира. Тој изјави дека Хрватска е подготвена и дека покажала способност да ја чува границата.

Главниот дел од посетата е потпишувањето на договорот за купување половни француски борбени авиони, а Пленковиќ рече дека Хрватска ќе има авиони „какви нема никој друг од југот на Германија до Грција“.

Макрон рече дека ова е суверен избор на Хрватска и дека тоа значи многу за заедничката безбедност.

Пленковиќ и Макрон потпишаа Договор за стратешко партнерство како рамка за зајакнување на односите меѓу двете земји, а министрите за одбрана потпишаа договор за купување на половни француски борбени авиони Рафал, вреден 999 милиони евра. Осум авиони треба да пристигнат до крајот на 2024 година, а уште четири во 2025 година.

Во таа чест, денеска над Загреб прелетаа два авиони Рафал.

Францускиот претседател ја започна официјалната посета на Хрватска утринава со средба со претседателот Зоран Милановиќ, оценувајќи дека таа отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји.

Макрон е првиот претседател на Франција кој допатува во официјална посета на Хрватска од прогласувањето на нејзината независност во 1991 година.

Посетата ќе заврши со свечен ручек на кој ќе присуствуваат луѓе од јавниот, економскиот, културниот, научниот и спортскиот живот кои ги поврзуваат Хрватска и Франција.

По Хрватска, Макрон ќе престојува во Италија каде ќе разговара со нејзини претставници, а во Ватикан ќе биде примен од поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.

Елисејската палата соопшти дека целта на Макроновата мини европска турнеја е подготовка на француското претседавање со Европската унија, од 1 јануари 2022 година. Во Франција напролет ќе бидат одржани претседателски избори.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/HINA

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе