Француската полиција трага по „опасен“ осомничен, објави и негова фотографија

Француската полиција трага по лицето осомничено дека е одговорно за експлозијата во центарот на Лион, каде што 13 лица беа повредени.

Полицијата апелираше до сведоците да се пријават и објави фотографија на маж на велосипед, добиена од камерите за надзор.

Осомничениот, облечен во светли шорцеви и блуза со долги ракави, е опишан како „опасен“, објави АП.

Тој е осомничен дека ја оставил торбата или пакетот што експлодира.

Најмалку 13 лица беа повредени кога експлодира бомба во центарот на францускиот град Лион. Регионалните власти велат дека тие главно се лесно повредени, а дека 11 од нив сè уште се во болница.

Како што пренесе париски Монд, истрагата за експлозијата ја презеле антитерористичките единици од Париз.

Претседателот Емануел Макрон ја опиша експлозијата како „напад“, објави Ројтерс.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе