За да ги разбие протестите

Француската полиција со солзавец против „жолтите елеци“, уапсени се 90 лица (ВИДЕО)

Париската полиција употреби денес солзавец за да ги растера антивладините демонстранти кои се обидуваат повторно да го заживеат движењето „жолти елеци“ со протест против економските мерки и власта на претседателот Емануел Макрон.

Полицијата наведе дека се уапсени 90 луѓе до пладнето и биле спречени околу стотина да се соберат на авенијата Шанзелизе, пренесува Ројтерс.

Околу 7.500 полицајци беа ангажирани во растерувањето на малите групи демонстранти. Тие употребија солзавец во централните делови на градот каде одржувањето на протести не е одобрено.

Над 30 метро станици се затворени. Повеќето демонстранти не беа во флуоресцентните елеци по кои движењето го доби името.

Во Париз истворемено со протестите се одбележува годишниот викенд на француското наследство, многу популарен настан за време на кој голем број културни локации се отворени за јавноста.

Се одржа и протест на климатските активисти кои бараат повеќе акции од владата и компаниите за да се редуцира емисијата на гасови со ефект на стаклена градина, да се заштити Амазонија и да се спречи топењето на арктичкиот мраз.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе