Француската опозиција бара да се прогласи вонредна состојба поради протестите (ВИДЕО)

Лидерот на најголемата француска опозициска партија побара да се воведе вонредна состојба во земјата бидејќи во сабота се очекуваат нови протести на Жолтите елеци.

„Тоа би обезбедило заштита за безбедносните сили и би ни овозможило да ги заштитиме оние кои сакаат мирно да протестираат а не да станат заложници“, изјави Лорен Воки, лидерот на конзервативната партија Републиканци.

„Не сакам нашата земја да потоне во хаос“, додаде тој, неколку дека откако протестите во центарот на Париз прераснаа во насилство втор ден по ред.

Демонстрациите траат веќе речиси три недели низ целата земја, а предизвикани се од незадоволството на граѓаните од најавата за воведување повисоки даноци на горивата и генерално тешкиот живот.

Премиерот Едуар Филип објави вчера дека воведувањето на зголемувањето на даноците се одложува за шест месеци додека траат консултациите кои ги вети претседателот Емануел Макрон.

„Французите не го сакаат тој данок. Неговото одложување за шест месеци нема смисла, мора целосно да се откажат од него“, изјави Воки.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе