Втората најголема група во долниот дом на парламентот

Француската левичарска коалиција поднесува барање за недоверба на владата на Макрон

Француската левичарска коалиција Нупес најави денес дека на 5 јули ќе поднесе предлог за изгласување недоверба на владата на францускиот претседател Емануел Макрон.

EPA-EFE

Нупес, по парламентарните избори одржани во неделата, е втората најголема група во долниот дом на парламентот.

Како што наведува Ројтерс, Нупес сам нема доволно гласови за усвојување иницијатива за изгласување недоверба и има малку сојузници во многу фрагментираниот парламент.

Според последните податоци за вториот круг на парламентарните избори во ФРанција, Коалицијата Заедно на Макрон освоила 38,48 отсто од гласовите или 245 мандати во парламентот, што значи дека го загубила апсолутното мнозинство.

Левичарската коалиција Нупес на Жан Лук Меланшон добила 131 мандат, а Националниот форум на Марин ле Пен 89 мандати.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе