Француската десничарка Марин Ле Пен е ослободена од обвинението за говор на омраза

Лидерката на француската екстремна десница Марин Ле Пен е ослободена од обвинението дека го прекршила законот за говор на омраза објавувајќи фотографии од злосторства на Исламската држава на Твитер кон крајот на 2015 година.

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Ле Пен објави три фотографии, вклучително и од телото на американскиот новинар Џејмс Фоли, кого џихадистите го обезглавиле, откако истакнат телевизиски новинар ја споредил нејзината партија со Исламската држава.

Ле Пен рече дека ги објавила фотографиите за да ја докаже апсурдноста на споредбата и негирала дека направила нешто погрешно, велејќи дека судењето е политички мотивирано.

Судот во Нантер заклучи дека начинот на кој Ле Пен ги објавила фотографиите на интернет, непроменети, било за информативни цели, дел од политички протест и со тоа придонела кон јавната расправа.

Пресудата, во која ДПА имале увид, се вели дека да се прогласи објавувањето фотографии за кривично дело би било непропорционално мешање во слободата на изразување, со оглед на контекстот.

Адвокатите на Ле Пен по сослушувањето рекоа дека слободата на изразувањето со оваа судска одлука е заштитена.

Анкетите покажуваат дека Ле Пен ќе биде главен противник на претседателот Емануел Макрон на изборите следната година.

Таа беше обвинета според член од кривичниот законик што забранува ширење насилни пораки што можат сериозно да го нарушат човечкото достоинство.

Обвинителите барале парична казна од 5.000 евра, далеку помалку од максималната казна затвор од три години или парична казна од 75.000 евра.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе