Француска министерка: Веродостојноста на ЕУ е на тест поради кризата со коронавирусот

Одговорот на Европската Унија на кризата со вирусот ќе ја одредеи нејзината веродостојност во иднина, изјави денес француската министерка за европски работи откако ЕУ минатата недела не успеа да се договори за заеднички мерки за помош на економијата.

ЕУ со тешка мака се обидува да осмисли координиран одговор на коронавирусот, последниот тест на солидарност на блокот разнишан од брегзитот, емигрантската криза во 2015/2016 и должничката криза на еврозоната.

„Ако Европа е само единствен пазар во добрите времиња, тогаш тоа нема смисла“, изјави француската минситерка за европски работи Амели де Моншален.

Поделбите меѓу членките јасно дојдоа до израз откако лидерите во четвртокот не успеаја да се договорат како да се минимизираат економските тешкотии и да се подготват за заздравување. Јужните земји од блокот се гневни поради отпорот на северот да се понуди поголема помош.

Германија и Холандија отворено застанаа против идејата на Италија, Шпанија, Португалија и Франција за издавање заеднички обврзници за финансирање на економските мерки.

Членките се караат и околу поделбата на медицинската оперма и граничните контроли.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, пак, предупреди на двојните стандарди кога неговата земја се обидела да обезбеди заштитни маски за лице од Германија, додека останатите престолнини ја критикуваа Виена поради еднострано воведените контроли на границата со Италија.

„Кога ќе мине кризата, ќе мора во ЕУ да донесеме некои тешки одлуки“, изјави Курц за Кронен цајтунг.

Де Моншален кажа дека Германија и Холандија нема да се опорават доколку остатокот од Европа остане болен. „Коронавирусот отвори некои клучни прашања за Европа“.

„Популистичките партии ќе бидат победниците доколку европските лидери не соработуваат во тешките кризи“, заклучи француската министерка.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе