Цел 15 милиони патници годишно

Француска компанија го презеде белградскиот аеродром на 25 години

Француската компанија Ванси Еирпортс Србија вчера свечено го презеде управувањето со белградскиот аеродром Никола Тесла и ја започна концесијата на 25 години во текот на кои Србија, како мнозински сопственик, ќе оствари околу милијарда и пол евра вкупна добивка, од кои директни инвестиции во инфраструктурата изнесуваат околу 730 милиони евра.

Претставници на Владата на Србија, аеродромот Никола Тесла и француската корпорација Венси, по спроведениот тендер на 22 март минатата година потпишаа договор за концесија на 25 години.

Меѓународниот тендер е спроведен на 10 февруари 2017 година, а одлуката е донесена на 5 јануари 2018 година.

„Ванси Еирпортс Србија е стратешки партнер кој со знаење, искуство и ресурси ќе го унапреди работењето на аеродромот Никола Тесла, кој останува во сопственост на своите акционери, вклучувајќи ја и државата Србија како мнозински сопственик со 83,5 отсто“, истакна на церемонијата на примопредавање премиерката на Србија Ана Брнабиќ.

Таа за француската компанија, рече дека, како важен стратешки партнер, дополнително ќе ги промовира потенцијалите на Србија во светот.

Во следните 25 години, со редовен годишен концесиски надоместок, партнерството со Ванси ќе обезбеди инвестиција од 732 милиони евра во инфраструктурата на белградскиот аеродром, изјави Брнабиќ.

Таа наведе дека со 3,4 милиони патници на годишно ниво во 2012 година, белградскиот аеродром, со стратешко партнерство со Етихад ервејс од Обединетите Арапски Емирати, на крајот на 2018 година имала 5,6 милиони патници, што е најмногу во нејзината повеќедецениска историја.

„Нашиот план е новото партнерство со една од најголемите компании во воздушната индустрија и нашата заедничка визија да доведе до зголемување на туристичките и бизнис посети во Србија, за во аеродромот да можеме да дочекаме и 15 милиони патници годишно“, изјави премиерката на Србија.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе