Франција започна истрага за Тикток

Францускиот регулатор за заштита на приватноста на податоците ЦНИЛ соопшти денеска дека започна прелиминарна истрага за да утврди дали кинеската апликација за споделување видеа Тикток ги крши регулативите за приватност.

Тикток во сопственост на кинеската компанија Бајт денс, веќе е под истрага на американските, европските и холандските власти поради наводно загрозување на приватноста.

„Жалбата против Тикток беше примена во мај и сега врз основа на неа започнавме истрага“, рече портпаролот на ЦНИЛ, одбивајќи да ја објасни природата на жалбата или кој ја поднел.

„Заштитата на приватноста и безбедноста на корисниците на Тикток е наш главен приоритет. Знаеме за истрагата на ЦНИЛ и соработуваме со нив без никакви ограничувања“, одговорија од Тикток како одговор на барањето за коментар.

Во САД, официјални лица изјавија дека Тикток претставува ризик за националната безбедност заради личните податоци што ги обработува.

Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе го забрани Тикток и на неговиот сопственик Бајт денс му даде 45 дена за преговори за продажба на американскиот Мајкрософт Корп.

Во јуни, Европскиот одбор за заштита на податоците (ЕДПБ) објави дека ќе формира работна група за проценка на активностите на Тикток во ЕУ по барање на европратениците, кои се загрижени заради собирањето на податоците и можните ризици по безбедноста и приватноста.

Холандскиот регулатор за заштита на приватноста во мај, исто така, рече дека ќе истражи како Тикток ги обработува податоците на милиони млади корисници.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе