Франција започна да излегува од карантин, хаос поради гужва во јавниот превоз

Излегувањето на Франција од строгиот 54-дневен карантин во понеделникот во Париз започна со хаос поради големите гужви во јавниот превоз, пренесува ДПА.

Медиумите објавија снимки од преполн воз на метрото на линијата 13, Габриел Пери - Шатијон Монруж, откако првиот воз за тој ден доцнел 40 минути.

Ле Монд објави и фотографии од толпа луѓе на станицата Гар ду Норд кои се обидувале да се качат на патнички воз.

Министерот за транспорт Жан-Баптист Dјебари изјави дека проблеми со линијата 13 избувнале поради поплава предизвикана од поројните дождови во текот на викендот.

Сепак бидејќи работодавците добиле инструкции да ги задржат работниците што е можно подолго да работат од дома, вообичаените утрински гужви на линиите на метрото што поминуваат по Левиот брег ги немало, со максимум десетина патници.

На станиците има предупредувања за задолжителното носење маски во јавниот превоз, за што се грижи и полицијата.

Претседателот Емануел Макрон ја засили таа порака со својот твит: „Чувајте ги животите: бидете внимателни“. Новата порака ја замени претходната, која ги повикуваше граѓаните да останат дома и така да спасат животи.

Франција е една од најпогодените земји со епидемијата на коронавирус, со 26.380 смртни случаи до неделата, но и таа од понеделник започна со олеснување на мерките за изолација. Граѓаните сега смеат да ги напуштат своите домови без да бараат посебна дозвола, а се отворија основните училишта и некои продавници.

Средните училишта треба да се отворат следната недела. Кафулињата и рестораните сè уште остануваат затворени.

Во Париз и на североистокот на земјата, областите што им припаѓаат на т.н. црвени зони, што значи дека имаат повеќе заболени од ковид-19, парковите остануваат затворени.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе